Сцена
Келвин Харис и се закани на Тејлор Свифт: Заборави ги поранешните момчиња
Келвин Харис поради Тејлор Свифт заборави на деновите што ги минуваше како „плејбој“, но таа очигледно не го заборава минатото.
Како што објави порталот „Холивуд Лајф“, на познатиот диџеј не му се допаѓа фактот дека неговата девојка се уште е во конфликт со поранешното момче Хари Стајлс и дека јавно говори за своето минато.
– Келвин се откажа од деновите кога беше опкружен со девојки и целосно и се предаде на Тејлор. Логично е дека сака и таа да се сврти кон иднината и да заборави на се она што било порано. Не сака кога таа ги споменува нејзините поранешни момчиња, дури и во лош контекст. Многу е љубоморен, кога се во прашање такви работи, отрки добро упатен извор.




