Сцена
На Мерил Стрип и рекле дека премногу е грда за улога
Мерил Стрип (66) сподели на нејзиниот Фејсбук една приказна од минатото која инспирира и воодушеви милиони нејзини фанови.
Тројната оскаровка се потсети на еден болен ден, кога уште како неафирмираната актерка се обидела да добие улога во филмот „Кинг Конг“ од 1976 година.
– Ова на фотографијат сум јас, како се враќам од аудицијата за филмот „Кинг Конг“ каде ми рекоа дека сум премногу „грда“ за улогата. Ова беше клучен момент за мене. Ова, едно грдо мислење можеше да ми ги уништи соништата за актерската кариера и да ме натера да престанам да верувам во себе. Длабоко вдишав и си реков: „Многу ми е жал што мислите дека сум премногу грда за вашиот филм, но тоа е само едно мислење во морето на илјада различни и сега одам да пронајдам позитивна енергија. Денес имам 18 номинации за Оскар“, напиша легендарната актерка, покрај фотографијата на која има 27 години и се вози со метро.




