МК Сцена
Каролина ја открива тајната зад гламурозниот изглед – производите од линијата LUXE на AVON
Карминот, сјајот за усни, пудрата, маскарата, тушот и сенките за очи од колекција Luxe на козметичкиот гигант АВОН се неизоставен дел од несесерот на една од најнегуваните дами на домашната сцена, Каролина Гочева.
Овие производи кои стилистите ги опишуваат како „Магијата на гламурот“ сега им се достапни и на Македонките. Линија на светско ниво ја промовирале повеќе познати лица, а актуелен амбасадор е атрактивната тенисерка Марија Шарапова. Во земјава зад неа застана нашата позната пејачка која додава дека ѝ е задоволство да промовира козметика која и самата ја користи.
– Секоја жена е во постојана потрага по идеалната шминка, но откако почнав да ги користам производите од Luxe мојата потрага заврши. Секојдневно ги употребувам и освен што го негуваат мојот изглед, придонесуваат да се чувствувам убаво. Мило ми е што можам да зборувам за производи во кои и јас верувам – изјави Каролина Гочева.




