Настани
А1 Македонија со уникатно „драјв-ин“ кино за сите љубители на филмот!
Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија продолжува со изненадувања за јавноста и со задоволство го најавува уникатниот настан за сите љубители на филмот – А1 Drive-in кино, со богата филмска понуда што на сите посетители ќе им овозможи оригинално доживување.
Посетителите, од своите автомобили ќе ги следат филмовите што ќе се прикажуваат на специјално проектно платно со DCP проектор, додека звукот што ќе се емитува преку FM фреквенција ќе го следат преку радио уредот во својот автомобил.
На седумдневниот репертоар на А1 Drive-in киното ќе бидат прикажани филмови од различни жанрови, а официјалното отворање на 29 септември во 21 часот ќе започне со проекција на годинашниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019). Паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) е подготвен да пречека по 100 возила за една проекција. Влезниците се бесплатни, со претходна резервација преку веб-страницата www.karti.com.mk.




