Шоубиз
За „Битлси“ се снимаат четири филмови, познато кој ќе ја игра славната четворка
Sony Pictures ја отвори годишната конвенција CinemaCon во Лас Вегас најавувајќи не еден, туку четири биографии за легендарната група „Битлси“, како и ансамбл актери кои ќе ја толкуваат „четворката од Ливерпул“.
По неколкумесечни шпекулации, потврдено е дека Пол Мескал, познат по улогите во серијата „Normal People“ и филмот „Gladiator II“ ќе го игра Пол Макартни, а Бари Киган, ѕвездата на „Saltburn“, ќе го игра Ринго Стар. Како Џон Ленон ќе им се придружи Харис Дикинсон, кој неодамна глумеше со Никол Кидман во филмот „Babygirl“. Џозеф Квин од „Marvel’s Fantastic Four“ ќе глуми како Џорџ Харисон во филмската тетралогија што ќе ја режира Сем Мендес.




