Настани
Активистички говори, млади бендови и креативни работилници на „ENGAGE 2023“
Младински образовен форум и Радио МОФ на 9-ти јуни 2023 година во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 13:00 часот, го организираат дванаесеттото издание на Настанот за социјален активизам ENGAGE.
Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, но и за правата на текстилните работнички.
Исто така, дел од говорниците ќе се осврнат и на „Мое здравје“ – гласот на лицата со оштетен слух, други ќе зборуваат за генерацијата Зет и нивната моќ да го трансформираат активизмот и прават поинклузивен свет, а ќе бидат отворени прашања и за родовата еднаквост во 21 век.





