Настани
14. издание на фестивалот „Здраво млади“ во МКЦ на 11 октомври
На денот на Народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, ќе се реализира 14 издание на фестивалот на нова музика “ЗДРАВО МЛАДИ” во организација на Младинскиот културен центар – Скопје.
Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да погледне 17 различни музички артисти од 6 земји од Европа. Оваа година, програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти кои пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.
Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив “Гола планина / Мртов коњ”, публиката ќе има можност да ги чуе младата дарквејв артистка “ATA” (MKD), енергичните “KLOTLJUDI” (SRB), дрон/фолк артистот “СТОЈ, ПОСЛЕ!” (MKD), панк-рок изведувачот “DIMISH” (МКД), инди составот “ZANADU” (MKD), психоделичните “VAGINA CORPORATION” (MKD) како и диџеите Пепи и Шабан.





