Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Анна Кондратенко ја носи „Бајка“ на сцената во Битола

Настани

Анна Кондратенко ја носи „Бајка“ на сцената во Битола

Оркестарот на Македонската филхармонија со програмата „Бајка“ вечерва со почеток во 20 часот ќе гостува во Центарот за култура во Битола.

Како солистка на овој концерт ќе настапи виолинистката Анна Кондратенко, концертмајстор на Македонската филхармонија.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбата на композициите „Come in!” („Чукни и влези”) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите” од Гија Канчели, во интерпретација и водство на Кондратенко.

Маркетинг

Анна Кондратенко е родена во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на само четиригодишна возраст. Музичкото образование го започнува во Специјалната музичка школа во класите на О. Марченко и А. Гвоздев, а го продолжува на Високата музичка школа во Келн, во класата на проф. В. Третјаков, каде што дипломира во 2004 година.

Како солист и концертмајстор настапувала со бројни оркестри, меѓу кои: Младинскиот симфониски оркестар (Новосибирск), Симфонискиот оркестар на Филхармонија (Новосибирск), Интернационалниот симфониски оркестар (Мичиген, САД), Klassische Philharmonie Bonn (Германија) и Philharmonie der Nationen, со концерти во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, Америка, Малезија, Кина, Либан и Јапонија.

Учествувала на бројни мастер-курсеви (кај Z. Bron, D. Zigmondi) и фестивали, меѓу кои Mozarteum (Австрија) и Holzhausen Musiktagen (Германија). Добитник е на повеќе руски и меѓународни награди, меѓу кои на натпреварите Ерденко, Мравински (Русија) и Ј. Ниман (Германија).

Пред две години, Кондратенко го основа квартетот „Филхармонија“, составен од членови на оркестарот на Македонската филхармонија, со кој активно настапува на домашни и меѓународни сцени. Во моментов таа работи како концертмајстор и солист во Македонската филхармонија, како и концертмајстор и солист на оркестарот „F.A.M.E.S Project“ во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.