
Настани
Битола преку Илинденски денови ќе биде центарот на светски фоллкорни ора и танци
Над 1000 учесници од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел преку ора и танци ќе ја прикажат народната културна традиција на ансамбли на овогодинешното 49-то издание на интернационалниот фестивал Илинденски денови. Настанот ќе се одржи на различни локации во Битола од 27-ми до 31-ви јули, во организација на НУ Центар за култура Битола.
„Фестивалските денови ќе почнат со претпрограма, ретроспективна изложба „60 години творештво на Панде Петровски“, а во пресрет на свеченото отворање на 27-ми јули, ден претходно ќе отвориме изложба за абориџинската култура која ја подготвивме во соработка со Амбасадата на Австралија во Белград. Оваа година востановивме и новина, односно фестивалски карван кој ќе се реализира во општините Демир Хисар и Новаци. Настанот ќе го завршиме со концерт на музичарите кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ“ истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола.
Фестивалот претставува столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.



