Настани
Армин ван Бурен на 3 август во Битола!
Светската ѕвезда и еден од најголемите диџеи на сите времиња, Армин ван Бурен, летово доаѓа во Македонија!
Армин ван Бурен се враќа во Македонија по долго време со настап во Битола. Настанот ќе се одржи на 3 август на стадионот „Петар Милошевски“, со почеток во 22 часот.
„За нас, верувајте, не постои во моментов поголемо задоволство од тоа да споделиме со Вас дека ова лето во Македонија доаѓа човекот кој е многу повеќе од најголемиот DJ на сите времиња, човекот кој е институција самиот по себе и надвор од индустријата од која доаѓа“, велат од Авалон Продукција.





