
МК Сцена
Опера што ја расплакува публиката: „Мадам Батерфлај“ вечерва во МОБ
Едно од најемотивните и најпознатите дела во светската оперска литература, „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини, вечер повторно ќе ја допре публиката на сцената на Македонската опера и балет.
Оваа опера, која повеќе од еден век ги освојува срцата на љубителите на класичната музика, ја раскажува трогателната приказна за Чо-Чо-Сан, млада јапонска девојка која безрезервно верува во љубовта и во човекот на кого му го доверува својот живот.
Трогателната судбина на Чо-Чо-Сан
„Мадам Батерфлај“ е опера во три чина која ја следи драматичната и емотивна судбина на Чо-Чо-Сан – млада гејша од Нагасаки, позната и како Батерфлај.


