
Настани
Големи имиња на 30-тото издание на „Охрид-фест“: Јубилеј со Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Неда Украден
Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест-Охридски трубадури“ се во полн екс. Ќе се слави со песна! На 1 и 2 септември, во македонскиот Ерусалим, нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај, ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот. Ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот со импресивна традиција.
„Во 1994 година започнаа „Охридски трубадури“, што, еве ја продолжуваат традицијата и годинава го имаме 30 издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“- се сеќава оснивачот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров. „Фестивалот тогаш имаше само Фолк вечер а на неа победија: Ленче тогаш-Дедејска, со „Течете солзи“ со прва награда од публиката и Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“, со награда од жири.“
Патем, оваа 2023 година е јубилејна и за овој наш голем композитор: Копров одбележува 50 лета блескава професионална музичка кариера.




