Настани
Hooverphonic доаѓаат во Скопје!
Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC со ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18 април, 2025 година!
По повод 25 години од aлбумот “The Magnificent Tree”, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – “Mad About You”, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет!
-Големо задоволство ни е да ви го најавиме првиот светски авалонски концерт закажан за 2025 година, соопшти Авалон продукција.




