Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Класична музика без граници: Солунската филхармонија гостува во Скопје, Македонската во Солун

Настани

Класична музика без граници: Солунската филхармонија гостува во Скопје, Македонската во Солун

Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај во 19:30 часот ќе одржи концерт во салата на Македонската филхармонија, што ќе биде нивно прво гостување во Скопје. Оваа соработка следи по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската филхармонија во Софија, каде што на 17 февруари беше изведена кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

Паралелно, во завршна фаза се преговорите за настап на Македонската филхармонија во Солун, кој е планиран за крајот на јуни.

„На заедничката средба во Солун минатиот октомври со Најден Тодоров, директор на Софиската филхармонија, и Симос Папанас, директор на Државниот симфониски оркестар од Солун, го договоривме концертот во Софија, но и можноста за реципрочни настапи во Скопје и Солун. Гостувањето на Солунската филхармонија во Скопје е резултат на тие разговори, а веќе сме во финални преговори за нашиот концерт во Солун. Во наредниот период ќе потпишеме и меморандум за соработка, што ќе отвори нови можности за идни проекти“, изјави Александар Котевски, в.д. директор на Македонската филхармонија.

Маркетинг

На концертот во Скопје како солисти ќе настапат реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески и истакнатата грчка сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент е Владимирос Симеонидис од Грција, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар во Ге-дур од Морис Равел, „Пет народни грчки песни“ во оркестрација на Равел и Розентал, „Ла валс“ од Морис Равел, како и дела од грчкиот композитор Емил Риадис.

Оваа размена на настапи претставува значаен чекор во зајакнувањето на културните врски меѓу Северна Македонија и Грција, докажувајќи дека музиката има моќ да гради мостови и да отвора нови хоризонти за соработка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.