Настани
Комплетирана е програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица: Џон Њуман и Бурак Јетер добија одлично регионално засилување, влезот слободен!
Објавена е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк. ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7 септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“. Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно! Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица, влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезниците по промотивната цена од 3100 денари.
Суверената поп/соул ѕвезда Џон Њуман, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј Бурак Јетер и една од најпосебните музичарки на нашите простори Констракта на 7 септември ќе се најдат во исклучително друштво на колегите и колешките од регионов! Квалитетната гитарска страна на Get EXITed настанот ќе ја предводат рок ветераните на регионалната сцена, бендот Ван Гог. Во тридецениската кариера тие создадоа 10 студиски албуми, меѓу кои најновиот „More bez obala“. Овој бенд, оформен во 1986 година, наполни многу арени во Србија и светот и два пати ја освои регионалната „Емтиви“ награда. Пејачот, гитарист, автор на песните и фронтмен на групата , Звонимир Ѓуриќ – Џуле во 2019 ја објави книгата „Ван Гог – Море без брег“, со стихови од песните, фотографии и, како што се вели во описот на книгата – тајни.







