Настани
Подгответе се за највозбудливиот настан за тетоважи на годината: Skopje Tattoo Show 2023!
Скопје е домаќин на првата интернационална конвенција за тетовирање која ќе се одржи на 26ти и 27ми август во хотел Парк. „Skopje Tattoo Show 2023“ е настан кој ја промовира уметноста и самоизразувањето преку тетовирањето.
Уметноста на тетовирањето стана светска призната форма на уметност која се развива секојдневно. На „Skopje Tattoo Show 2023“ ќе присуствуваат над 50 интернационални и балкански тату артисти. Посетителите ќе можат да воочат тадиционални и современи тетоважи, неверојатна разновидост на стилови и техники како изгледа тетовирањето.
За време на овие два дена, тату артистите ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории и за најдобрите тетоважи на крајот од денот ќе се доделат награди. Доколку сакаат посетителите ќе имаат можност да се тетовираат и да научат нешто од врните тату уметници.





