Настани
Настап на Националниот џез оркестар на The Balkan Jazz Showcase-2024 во Тирана
Во организација на Албанското џез здружение (Albanian jazz society) оваа година по четврти пат ќе се одржи фестивалот Balkan Jazz Showcase-2024.
На настанот ќе настапат оркестарот NisVille од Србија, Сара Јововиќ трио од Црна Гора, Sethstat Quintet од Македонија, Gypseons Trio од Грција, Leo Richartz Trio од Германија, Alba Dajlani & AJS Quartet од Албанија и Националниот џез оркестар од Македонија. Покрај учесниците од Германија, овој настан ќе ги собере едни од најталентираните џез музичари од Балканот и претставува можност за културна размена и промоција на богатството на џез музиката во овој регион.
На фестивалот Balkan Jazz Showcase-2024 ќе се соберат и директори на фестивали од различни земји, а специјални гости се водечките луѓе од џез асоцијацијата на Кина. Оваа соработка обезбедува не само културна размена, туку и потенцијални проекти во рамките на програмите на Креативна Европа и Западен Балкан, како и промоција на балканската џез сцена на фестивали во кинеските градови како Пекинг, Шангај, Гуангжу и Ченгду.





