Настани
Концерт на Курт Елинг и Национален џез оркестар во МНТ
Националниот џез оркестар ви го најавува концертот кој сите со нетрпение го очекувавме – Курт Елинг и Национален џез оркестар.
Светската мега-ѕвезда на вокалната џез музика, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, доаѓа во Скопје.
За него „The New York Times“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“ Според „The Washington Post“, „Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг”, додека „BBC Arts“ оценува дека тој „… ја турка напред уметноста на џез пеењето, повеќе од било кој друг машки изведувач од неговата генерација“.





