Настани
Одбележување на Меѓународниот Ден на толеранцијата
На 15 ноември 2024 (петок), 19:00 часот во Кинотека на Северна Македонија, Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, годинава по осми пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција – 16 ноември, со настан под мото „Разноликоста е факт, прифакањето е чин“. Оваа тема ја третира различната сексуална ориентација и нивното прифаќање во нашето општество.
Настанот е организиран со поддршка со Ротари клубот „Камен Mост-Скопје”, а ќе го отвори претседателката на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, Светлана Караѓозова.
Следува проекција на филм – Сведоштво на родител на LGBT+ лице, а одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранција ќе продолжи со трибина на која ќе говорат: Проф.др.Инес Црвенковска Ристеска, етнолог и антрополог, Проф.др.Ана Блажева, психолог, социолог, психотерапевт, Прим. др. Славица Гајдазис Кнежевиќ, психијатар и психотерапевт, Радмила Живановиќ, психолог и психотерапевт, М-р Ангел Димитриевски, магистер по медиумска едукација и Љубомир Фајзов, претставник на Хелсиншки комитет за човекови права.




