Настани
Оперски спектакл: „Кармен“ повторно на сцената на Националната опера и балет на 1 март
На 1 март во 20:00 часот, љубителите на операта ќе имаат можност да уживаат во една од најголемите оперски ремек-дела – „Кармен“ на Жорж Бизе, која ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.
Оваа страствена и драматична приказна за заводливата Кармен и нејзината судбоносна љубов ќе биде оживеана под диригентската палка на Џанлука Мартиненги од Италија. Режијата и сценографијата се дело на бугарските уметници Нина Најденова и Елена Иванова, додека костимите ги потпишува Марија Пупучевска. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а за хорот ќе се грижи Јасмина Ѓорѓеска.
Во главните улоги ќе настапат истакнати солисти:
🎭 Николина Јаневска – во улогата на Кармен
🎭 Ѕ-Жао Гуо – како Дон Хозе
🎭 Васко Здравков – во улогата на Ескамилио



