Настани
Сјајот на Diamond Dance Competition блесна во Скопје
На голема радост на љубителите на танцот, изминатиот викенд ( 5 и 6 април) беше во знакот на интернационалниот танцов натпревар Diamond Dance Competition кој се одржа по втор пат во Хотелот Мериот во Скопје.
Diamond по втор пат го собра најдоброто од танцувачката сцена на едно место. Натпреварот се одржа во атмосфера исполнета со енергија, емоција и уметност, каде што учесниците од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина имаа можност да го покажат својот талент, труд и љубовта кон танцот.
Diamond Dance Competition беше повеќе од натпревар, се разменуваа искуства, се стекнуваа нови пријателства, се инспирираше, мотивираше и дружеше.





