Настани
Свечено затворање на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку Езерото“ во Дојран
Вчера, во 20 часот во Дојран со доделување на наградите свечено беше затворено третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку Езерото“.
Меѓународното жири составено од: Електра Венаки од Грција, Предраг Пеџа Милојевиќ од Србија и лауреатот на овогодинешниот фестивал на „Наградата Мето Јовановски“, актерот Владо Јовановски, решија Гран Прито за надобар медитерански и балкански филм да ја добие грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис. Филмот припаѓа на новиот грчки таканаречен чуден филмски бран, предводен од светската кинематографска ѕвезда Јоргос Лантимос.






