Настани
Третото издание на Галичник филм фестивал остави ѕвездена прашина за која уште долго ќе се зборува!
Овој викенд сите патишта водеа кон Галичник. Три дена исполнети со внимателно одбрани филмови од различни жанрови, совршени за сечиј вкус.
Токму во стариот амфитеатар на Упија, филмското платно и ѕвезденото небо направија ѕвездена прашина за која уште долго ќе се зборува. Убедлив победник во неколку категории беше оскаровскиот филм „Бело Око“ кој зема награда за најдобар филм, најдобро сценарио и најдобар актер.
Бројната публика и гостите кои допатуваа од различни делови на Македонија, ја направија атмосферата уште побогата, заминувајќи си со широки насмевки, полни срца и нахранети од уметност и забава, со нетрпение на следното издание на Галичник филм фестивал.


По завршувањето на проекциите следеше музичка програма која допринесе за уште поголемо уживање под богатото соѕвездие на Галичкото небо.





