Настани
ЗАБАВАТА СЕ СЕЛИ ВО ПРИЛЕП: Вечерва стартува 17-то издание на „Пивофест“
Привршуваат последните подготовки за стартот на годинашното 17-то издание на популарната македонска и балканска манифестација „Пивофест“, што почнува вечерва, а ќе заврши на 21 јули во Прилеп. На „Пивофест“, кој годинава се одржува под мотото „За добра мисла“, ќе настапат популарни музички имиња од земјава и од регионот: групите „Галија“, „Фрајле“, „Сирилик“, пејачката Даниела Мартиновиќ и други, а водители ќе бидат Жарко Димоски и Јана Серафимова.
– „Забава ќе има за сите генерации и се надеваме дека ќе имаме многу посетители“ – велат од општината Прилеп.
Годинашен организатор на „Пивофест“ е агенцијата „Баги комуникации“, од каде што најавуваат убава музичка манифестација.




