Настани
Збигњев Прајснер се заблагодари на „Скопје Синема Сити“: Се надевам дека наскоро ќе имам можност да ја споделам мојата музика со вас
Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворена филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити.
Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката.
„Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќо не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.




