Настани
Здравко Чолиќ со симфониски оркестар во Скопје
Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во Арена Борис Трајковски.
Овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Откако оваа ексклузивна концертна програма на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани, зад кои се потпишува диригентот Федор Вртачник.
Пред македонската публика пристигнува несомнено најпопуларниот концерт за следната 2025 година. Чолиќ, чија огромна популарност трае веќе пет децении, ќе ни претстави неповторлива концертна вечер со низата големи хитови од сите фази на неговата кариера, изведени со поддршка од симфониски оркестар, што ќе донесе нова емоција и ново искуство на уживање во едни од најубавите и најголемите љубовни песни испеани на овие простори како што се „Ti si mi u krvi“, „Produži dalje“, „Gori vatra“, „Sinoć nisi bila tu“, „Jedna zima sa Kristinom“, „Ljubav je samo riječ“, „Noć mi te duguje“ или „Svadbarskim sokakom“.




