Настани
„Златна бубамара на популарноста“ се враќа во живот на 12 мај во „Борис Трајковски“
Најголемиот музички културен спектакл Златна бубамара на популарноста се враќа во живо(т) на големата сцена во Арената „Борис Трајковски“.
На големо задоволство на љубителите на добра музика, искрено смеење и незаборавна емоција Јубилејната 25. Златна бубамара ќе се одржи на 12 мај .
Традиционално и оваа година на сцената ќе се појават најголемите музички имиња од Македонија и регионот, наградите и сценариото како и секогаш се чуваат во најголема тајност, а според организаторот ќе бидат вистински мелем за душа.





