Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гламурот на Холивуд ексклузивно на МТВ во недела – следете ги 97-мите Оскари!

Промо

Гламурот на Холивуд ексклузивно на МТВ во недела – следете ги 97-мите Оскари!

Македонската телевизија ќе го пренесува 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, во ноќта меѓу недела и понеделник.

Програмата започнува во 00:30 часот со Црвената патека, каде што ќе пристигнат најголемите имиња од филмската индустрија. Публиката ќе има можност да ги проследи првите изјави на номинираните и на поранешните добитници на Оскар, како и модните избори на филмските ѕвезди.

Главната церемонија започнува во 01:00 часот, кога Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите филмски остварувања од 2024 година.

Маркетинг

Конан О’Брајан – домаќин на вечерта

Познатиот водител Конан О’Брајан ќе биде домаќин на ова издание на Оскарите, а на сцената ќе се појават некои од најголемите имиња на денешниот филмски свет. Дел од презентерите и специјалните гости ќе бидат Роберт Дауни Џуниор, Килијан Марфи, Опра Винфри, Хале Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хон, Селена Гомез и многу други.

За оние што ќе ја пропуштат ноќната церемонија

МТВ ќе емитува и скратена двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“, која ќе биде прикажана во понеделник во 21:15 часот.

Оскарите остануваат симбол на највисоките достигнувања во филмската уметност, а оваа година носи големи очекувања, изненадувања и емотивни моменти. Македонската публика ќе може да ги следи сите детали ексклузивно на МТВ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.