Сцена
Откриено кога ќе пристигне последната сезона на „The Crown“, погледнете го тизерот (ВИДЕО)
Последната сезона на „The Crown“ ќе биде објавена во два дела подоцна оваа година, објави Нетфликс.
Стриминг сервисот ги откри датумите на премиера на шестата и последна сезона на мегапопуларната серија (оригинално насловена „Круната“). Бидејќи финалето на серијата е поделено на два дела, првиот дел ќе излезе на 16-ти ноември, додека вториот дел ќе излезе на 14-ти декември. Сега е објавен нов тизер во кој можете да ја видите кралицата Елизабета Втора (ја игра Имелда Стаунтон) додека шета низ Бакингемската палата додека нејзините зборови одекнуваат насекаде.
“Круната е симбол на постојаност. Тоа е нешто што си, а не нешто што го правиш. Дел од нашата природна личност секогаш се губи. Сите сме се жртвувале. Тоа не е избор, тоа е должност”, се слуша гласот на Елизабета. „Но, што е со животот што го оставив зад себе? Жената што ја оставив зад себе“, се слуша друг женски глас.




