Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Вилијам и синот Џорџ навиваа за Астон Вила на натпреварот во Париз

Магазин

Принцот Вилијам и синот Џорџ навиваа за Астон Вила на натпреварот во Париз

Принцот од Велс беше во Париз заедно со неговиот син принцот Џорџ за да ја гледаат Астон Вила против ПСЖ во средата навечер.

Во втората четвртфинална вечер од Лигата на шампионите, фудбалерите на ПСЖ ја пречекаа Астон Вила на својот Парк на принцовите и по пресврт славеа со резултат 3:1.

Во 35. минута од натпреварот Англичаните ја украдоа топката во центарот, следеше брза контра, комбинираа Рашфорд и Тилеманс, а Морган Роџерс наиде на топката на другата статива и погоди за водство.

Маркетинг

Ги шокираше париските трибини, но го фрли и принцот Вилијам во еуфорија! Тој е страстен навивач на Астон Вила, а се чини дека го заразил и својот син Џорџ кој има 11 години.

Принцот Вилијам рече дека е „прилично преплашен“ и „нервозен“, но предвиде победа од 2-1 кога разговараше со експертите на „ТНТ Спортс“, Рио Фердинанд и Али МекКоист на теренот пред натпреварот.

Принцот беше снимен како ги поздравува и прегрнува играчите на англискиот клуб додека излегувале од соблекувалната.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.