Сцена
Поранешното момче на Мелани Трамп откри детали за нивната врска
Петер Бултон, новинар од Словенија, бил во врска со првата дама на САД, Мелани Трамп додека таа живеела во Словенија и не била воопшто позната. Бултон за медиумите откри како тие се запознале, детали од нивната врска, но и причината зошто нивната љубов завршила неславно, јави „Глас српске“.
– Во врска бевме три месеци. Јас точно се сеќавам, таа заврши училиште и летото беше пред нас. Во тоа време целата екипа се собираше на Тромостовљ во Љубљана. И Мелани дојде со нејзиното друштво. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн, се потсети Петер.
