Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Марија во Америка“ – подкаст што ги раскажува животните приказни на Македонците во САД

Промо

„Марија во Америка“ – подкаст што ги раскажува животните приказни на Македонците во САД

Нова медиумска платформа посветена на македонската дијаспора започна да се емитува од САД. Станува збор за подкастот „Марија во Америка“, кој има за цел да ги претстави животните приказни на Македонците што живеат и работат преку океанот – нивните успеси, предизвици и патот до нов живот во странство.

Авторка и водителка на подкастот е Марија Главчева, која повеќе од една деценија живее во Соединети Американски Држави. Таа вели дека идејата произлегла од секојдневните приказни на иселениците, кои често остануваат непознати за јавноста во Македонија.

„Многу Македонци што живеат во Америка имаат силни и инспиративни животни приказни – за успех, жртви и предизвици. Сакав тие приказни да стигнат до јавноста и да се види како навистина изгледа животот таму“, вели Главчева.

Маркетинг

Епизоди со гости од дијаспората

Подкастот веќе има неколку објавени епизоди на YouTube каналот „Марија во Америка“, каде гости се Македонци кои живеат во САД и зборуваат за своите искуства.

Во најновата епизода гостин е македонскиот свештеник Тони Јошевски, кој служи во црквата Св. Кирил и Методиј во околината на Чикаго. Тој зборува за својот животен пат – од битолската населба Баир до свештеничката служба во македонската дијаспора во Америка.

Во претходните епизоди гости биле и Калина Серафимоски, Ава Керш и Кирил Митоски.

Нови гости и нови приказни

Подкастот најавува и нови епизоди со познати имиња од македонската дијаспора, меѓу кои Александра Пилева, Васил Гарванлиев и Илија Илов.

Целта на проектот е да се отвори простор каде Македонците во странство ќе можат искрено да зборуваат за својот живот, предизвиците со кои се соочуваат и патот до успехот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.