Промо
Џијан Емин му подари диригентско стапче на големиот војвода Гијом од Луксембург
Македонскиот диригент и композитор Џијан Емин и реномираниот пијанист Франческо Тристано настапија како дел од културната програма на свечената инаугурација на големиот војвода Гијом од Луксембург, еден од најзначајните настани во европските монархии оваа година.
Настапот беше музичка кулминација на церемонијата, а двајцата уметници ја претставија композицијата „ОПА“, дело специјално создадено за овој историски момент. Емин го диригираше оркестарот со препознатливата харизма и прецизност, потврдувајќи ја својата репутација како уметник кој обединува класика, џез, рок и електронски звуци во автентичен музички израз.
По завршувањето на концертот, Џијан Емин му подари на новиот војвода диригентско стапче, симбол на хармонија и лидерство, со порака за долго и успешно владеење. Франческо Тристано, пак, му ја предаде партитурата на композицијата, како уметнички спомен на денот што ќе остане запаметен во историјата на Луксембург.





