Сцена
Ридли Скот: Знаев дека има вода на Марс!
Славниот режисер, Ридли Скот, кој е актуелен со филмот „Марсовец: Спасувачка мисија, три-де“ изјави дека НАСА, наводно, му ги покажала фотографиите со вода на Марс уште пред два месеци, но тогаш било предоцна во неговиот филм да ги вклучат новите информации.
Оваа екранизација на роман, на едно ниво може да изгледа како огромна реклама за НАСА, но всушност тесната соработка меѓу Агенцијата и филмската екипата на Скот доведе до тоа режисерот да не биде изненаден заради последните вести од Марс ,јави Танјуг.
