МК Сцена
ФХ3Х изработи дел од ефектите во „Марсовецот“ на Ридли Скот
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, во соработка со студиото МПЦ Техниколор работеше на дел од ефектите на најновиот филм на Ридли Скот, „Марсовецот“. Филмот ќе почне да се прикажува во Скопје од 1 октовмри, еден ден пред американската премиера.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, истакна дека за работата на овој проект по првпат работеле stereoscopic matchmove техника.
– На проектот работеа 30 артисти од периодот од март до јули годинава, и беа изработени 207 кадри или 32.25 минути. Филмот е не само Оскаровски материјал, туку можеби според мое мислење ќе биде и најдобриот филм на Ридли Скот во последнава декада. Нестрпливо очекуваме да го погледнеме во целост, изјави Даниловски.




