Сцена
Роби Вилијамс: Поради болест морав да се откажам од мојата најголема љубов
Роби Вилијамс јавно проговори за болеста поради која морал да се откаже од сложените кореографии на неговите концерти.
Всушност, како и другите ѕвезди, и британскиот заводник освен на музиката е посветен и на танцот, но сега откри дека морал да ги поедностави танцовите чекори, откако му бил дијагностициран артритис.
– Јас имам артритис, па не можам да удирам ни топка. Тетивите се многу ослабени, а играм како пијан татко на венчавка, се пожали тој во интервју за „Евенинг Стандард“.




