МК Сцена
Девет години без Тоше Проески
Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред девет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Фановите на Тоше и годинава на 5 октомври го организираа „Ѕвезденото небо“ со кое одбележаа и девет години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во образованието.
Македонската опера и балет деновиве објави повик за аудиција за талентирани изведувачи кои ќе учествуваат во мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Повикот е отворен до 15 ноември.




