Шоубиз
Блеска од среќа: Алесандра Амбросио уловена во прегратки со новата љубов
Бразилската супермоделка Алесандра Амбросио (43) повторно е во центарот на вниманието! Овој пат, таа е фотографирана во нежни моменти со своето ново момче, Бак Палмер, додека уживаат во сончев ден во едно кафуле во Калифорнија.
Парот бил видно расположен и насмеан, без да се грижи за љубопитните погледи на минувачите. Во еден момент, тие дури и размениле бакнеж, потврдувајќи дека љубовта меѓу нив цвета.
Извори блиски до манекенката откриваат дека Алесандра верува дека ова е нејзината вистинска љубов. Двојката првпат јавно ја потврди врската во декември минатата година, откако беа забележани заедно на забава во Мајами.




