Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џорџ Клуни ја откри тајната на среќниот брак: „Никогаш не сме се скарале“

Шоубиз

Џорџ Клуни ја откри тајната на среќниот брак: „Никогаш не сме се скарале“

Џорџ Клуни (63) интензивно го промовира своето шоу на Бродвеј „Good Night, and Good Luck“, па додека гостуваше во емисијата „CBS Mornings“ со водителката Гејл Кинг зборуваше и за својот приватен живот, вклучувајќи го бракот со Амал и нивните близнаци.

Познатиот актер Џорџ Клуни повеќе од десет години е во брак со адвокатката за човекови права Амал Клуни, а актерот во последното интервју призна дека никогаш не се скарале. Неговото тврдење изненади многу обожаватели, а некои рекоа дека сметаат дека тоа „не е нормално“.

Маркетинг

Тој се присети како во претходното интервју со Кинг во 2022 година изјавил дека тој и сопругата Амал (47) никогаш не се скарале. „Се сеќавам дека еднаш бевме овде кај вас и тогаш рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме за што да се расправаме!“, рече тој низ смеа.

Тој исто така рече дека е неверојатно среќен што ја запознал таа извонредна жена и дека нема ден да не помисли дека е најсреќниот маж на светот.

Инаку, Џорџ и Амал се верија во април 2014 година, а се венчаа во септември истата година. Тие заедно ги добија близнаците Ела и Александар во 2017 година.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.