Шоубиз
Најавени изведувачите на доделувањето на наградите Греми
На овогодишното доделување на наградите „Греми“ заедничи настап ќе имаат неколку музички ѕвезди, соопшти организаторот на манифестацијата „Рекординг академи“.
Така, заеднички настапи ќе имаат електронското музичко дуо „Дафт панк“ и канадскиот пејач Викенд, Алиша Киз и Марен Морис, како и Андерсон Пак со „A Tribe Called Quest“ и Дејв Гроло.
На церемонијата на доделување на наградите се најавени настапи и на Адел, Џон Леџенд, Бруно Марс, „Металика“, Кери Андервуд и Кит Урбан.




