Шоубиз
One Direction може повторно ќе се обединат за да му оддадат почит на Лиам Пејн на Brit Awards
Групата One Direction можеби повторно ќе се обедини за прв пат по нивното распаѓање во 2016 година, но не на начинот на кој многу фанови се надеваа. Имено, починатиот член на бендот, пејачот Лиам Пејн, треба да биде одликуван на овогодинешното доделување на „BRIT Awards“, а Зејн Малик, Хари Стајлс, Луис Томлинсон и Ниал Хоран наводно повторно ќе се соберат за таа пригода, пренесува The Mirror.
Како што знаеме, Пејн трагично почина на 16 октомври 2024 година на 31-годишна возраст кога падна од балкон на третиот кат во хотелот CasaSur Palermo во Буенос Аирес, Аргентина. Обдукцијата покажала дека пејачот починал на местото на настанот бидејќи падот предизвикал повеќе трауматски повреди и довел до внатрешно и надворешно крварење.
„Оддавањето почит на Лиам на овогодинешните награди поттикна шпекулации дека преостанатите колеги од бендот One Direction конечно би можеле да се обединат на сцената. Тоа би било соодветен начин да му оддадеме почит на Лиам, веќе се водат дискусии за тоа како овој сегмент од BRIT да се направи незаборавен“, рече изворот, додавајќи дека може да бидат вклучени и други музичари.




