Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Срцето ми е скршено“: Се огласи Алек Болдвин по несреќата

Сцена

„Срцето ми е скршено“: Се огласи Алек Болдвин по несреќата

„Срцето ми е скршено“: Се огласи Алек Болдвин по несреќата

По трагедијата што се случи на филмскиот сет на „Rust“, каде што Алек Болдвин случајно застрела двајца членови на филмската екипа, од кои едната го загуби животот, тој се огласи на Твитер.

-Нема зборови кои ќе го опишат мојот шок и тага поради трагичната несреќа која доведе до губење на  животот на  Халина Хачинс – жена, мајка и многу почитувана колешка. Соработувам со полицијата во истрагата како би се открило како се случи оваа несреќа – напиша актерот на Твитер.

-Во контакт сум со нејзиниот сопруг и му понудив поддршка нему и на семејството. Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, синот и сите оние кои ја сакаа и ја познаваа Халина – додаде Болдвин.

Исто така во соопштението на продуцентската куќа кажано е дека целата екипа која работела на филмот во целост е скршена.

Против актерот засега не е покренато обвинение, а во тек е полициска истрага и утврдување на сите околности.

 

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.