Шоубиз
Позната актерка го обвини Илон Маск дека поради него добива смртни закани: Го нарече фашист и идиот
Актерката Ајо Едебири, најпозната по улогата во серијата „The Bear“, откри дека добила „страшни смртни закани“ откако Илон Маск сподели лажни информации за нејзината улога во новата верзија на филмот „Пиратите од Карибите“.
Актерката објави на социјалните мрежи за инцидент кој се случил минатата година за кој рече дека резултирал со расизам и смртни закани кон неа.
Имено, според Едебири, Маск тогаш споделил твит од десничарскиот профил „Unlimited L’s“, кој очигледно немал никаква поврзаност или увид, за нејзината замена на Џони Деп во новата верзија на филмот, при што Маск коментирал „Дизни е ср*ње“.





