Сцена
СРЕЌНА ВЕСТ ВО ДОМОТ НА КАРДАШИЈАН: Ким и Канје го добија третото дете преку сурогат мајка
Среќна вест во домот на Ким Кардашијан – таа и Канје Вест објавија дека го добија третото дете преку сурогат мајка.
Тие ѝ споделија на јавноста дека бебето е женско, а се уште не се знае како славниот пар ќе го крсти нивното бебе.
– „Канје и јас сме пресреќни што можеме да го објавиме доаѓањето на нашето здраво, прекрасно девојченце. Многу сме ѝ благодарни на сурогат мајката, која ни овозможи да ги оствариме нашите сништа. Норт и Сент се многу возбудени што добија сестричка“, објави Ким Кардашијан на Фејсбук.




