Сцена
Судот ги отфрли обвиненијата против Роби Вилијамс и сопругата
Жил Де Бонфилс (35), поранешен асистент на Роби Вилијамс (42) и на неговата сопруга Ајда Филд (37), ги тужеше за сексуално вознемирување.
Тој тврдеше дека Ајда често знаела пред него да оди полугола и дека со него ги споделувала деталите за нејзиниот сексуален живот. Жил рече дека него го испитувала често за неговиот сексуален живот, а често барала и да го коментира нејзиното тело и изглед.
Пејачот и неговата сопруга на Жил му дале отказ после три месеци, затоа што ја запоставил својата работа и се однесувал несоодветно.




