Сцена
Неуспешен и вториот брак на Скарлет Јохансон
После повеќе од две години брак, актерката Скарлет Јохансон и новинарот Ромен Доријак се разведуваат.
И покрај тоа што актерката позната по улогата на Црната Вдовица, т.е. Наташа Романова во филмскиот серијал Капетан Америка, до неодамна се појавуваше во јавноста со сопругот Ромен Доријак (28), извори тврдат дека двојката се разделила уште летото.
– Скарлет беше таа која го иницираше крајот. Тоа беше нејзина одлука, а објасни дека мисли дека немаат многу заеничко, наведува анонимен извор.




