Сцена
Уапсени 16 лица во истрагата за ограбувањето на Ким Кардашијан
Француската полиција утрово уапси 16 лица во Париз и во други градови на Франција, во рамки на истрагата за грабежот на американската старлета Ким Кардашијан, што се случи во октомври во францускиот главен град.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, акцијата била спроведена истовремено во Париз и во јужниот дел на Франција, како резултат на неколку неделна истрага по анализата на ДНК трагите оставени на местото на грабежот.
– Една од трагите не одведе кон лице познато на полицијата за дела на грабеж и други кривични дела и се смета за голем бандит, изјави анонимен полициски извор.




