Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дали е ова истата Ким Кардашијан? Без естетски зафати и филтри – фановите во неверување!

Низ објективот

Дали е ова истата Ким Кардашијан? Без естетски зафати и филтри – фановите во неверување!

Ким Кардашијан уште еднаш го „запали“ интернетот – но овој пат не со провокативни фотографии, туку со ретро спомен од 1994 година.

Реалити ѕвездата објави слика на која има само 14 години, позирајќи во бикини на егзотична локација. Без филтри, без пластични операции – само природна убавина што ја воодушеви публиката.

Фотографијата предизвика вистинска лавина од реакции. Фановите ја пофалија нејзината младешка свежина, а многумина забележаа колку многу личи на нејзиниот татко. „Тука е невозможно да имаш 14 години“, „Неверојатна сличност со твојот татко“, „Природно убава“, беа дел од илјадниците коментари што ја преплавија објавата.

Маркетинг

Но, не сите беа воодушевени. Додека едни ја фалеа природноста на младата Ким, други сметаат дека фотографијата е намерно објавена како одговор на честите критики за нејзините естетски интервенции. Со години, Кардашијан е под лупа на јавноста поради трансформациите на својот изглед, а ова можеби е нејзин начин да покаже дека убавината ѝ била дар од природата.

Без разлика дали е обид за демантирање или само момент на носталгија, едно е сигурно – Ким повторно успеа да го сврти вниманието кон себе и да предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.