Сцена
ЉУБОВ НА СЦЕНАТА НА МТВ НАГРАДИТЕ: Дрејк призна дека ја сака Ријана (ВИДЕО)
Дефинитивно ова беше најслаткиот момент за време на МТВ Видео музичките награди кои се одржаа вчеравечер во Њујорк.
Дрејк не се појави на сцената кога неговиот спот на песната „Hotline Bling“ беше прогласен за најдобро хип-хоп видео, затоа што наводно заглавил во сообраќајот, но затоа се појави на самиот крај за на својата омилена девојка Ријана да и ја врачи престижната Мајкл Џексон Видео Вангард награда.
