МК Сцена
Илјадници посетители за настапот на Цеца во Македонска Каменица (ФОТО)
Балканската мега ѕвезда Цеца уште еднаш докажа дека е најголема музичка дива на овие простори.
Синоќешниот спектакуларен концерт долго ќе остане во сеќавање на нејзините фанови кои имаа можност за двочасовно уживање. Илјадници граѓани од цел регион непрекинато пристигаа во малата рударска општина. Урнати се сите досегашни рекорди по број на посетители, продадена храна и пијалоци.
Цеца концертот го започна со дел од песните од новиот албум „Автограм“, по што следуваа нејзините најголеми хитови кои предизвикаа делириум кај публиката. Концертот и големото балканско музичко шоу кое се случуваше во Македонска Каменица, од 26-ти до 28-ми август, беше затворен со спектакуларен огномет.






